Често поставувани прашања
Спечени сегменти
gorjans2022-02-08T16:15:50+00:00Додадете на секој 5 литри по едно пакување Engine Flush. Оставете го автомобилот да работи во место во продолжение на 20-30 мин. Потоа сменете го маслото. За оптимални резултати, препорачуваме додавање на новото масло Oil Booster или Nano Engine Protect and Seal.
Предности на редовното чистење на системот за масло:
- спречува спечување на сегментите
- ја намалува бучавата
- ја подобрува работата на моторот
- ја намалува потрошувачката на масло
Масло во системот за ладење
gorjans2022-02-08T16:15:32+00:00Исцедете ја загадената со масло течност за ладење. Наполнете го системот за ладење со вода. Додадете на секој 10 литри по едно пакување Radiator Oil Cleaner. Вклучете го моторот и оставете го да работи самостојно 15-20 мин. до оптималната работна температура на моторот. По чистењето измијте го проширениот сад рачно.
Забелешка: Системот за греење треба да работи на максимална температура при максимална брзина.
Протекување во системот за ладење
gorjans2022-02-08T16:15:14+00:00Додадете Radiator Stop Leak по едно пакување на секој 10 литри течност за ладење. Вклучете го моторот и пуштете го греењето на максимална температура. Оставете го автомобилот да работи во место 5-10 мин.
Забелешка: Доколку е потребно нивото на течност за ладење да се коригира во дозволените граници.
Течност за ладење влегла во системот за масло
gorjans2022-02-08T16:14:46+00:00За чистење на течноста за ладење во системот за масло: додајте на секој 6 литри едно пакување Engine Flush + едно пакување Fuel Line Cleaner. Вклучете го моторот на автомобилот и оставете го да работи самостојно во место 15-20 мин. Потоа исцедете го старото масло и сменете го според барањата на производителот.
“Тропање“ на хидраулични лифтови
gorjans2022-02-08T16:14:27+00:00Исчистете го системот за масло на автомобилот со Engine Flush. Сменете го маслото според упатството на производителот. Додадете на секој 5 литри по едно пакување Hydraulic Lifter Care.
Забелешка: Во случај да нема механички дефект по 5-10 км. “тропањето“ и бучавата се намалуваат.
За проблем со филтерот за тврди честички (DPF)
gorjans2022-02-08T16:14:07+00:00При затнување на филтерот за тврди честички следете ги упатствата за употреба на DPF Flushing Liquid. Задолжително по чистење на филтерот со DPF Flushing Liquid додадете едно пакување DPF Super Cleaner во 50-60 литри гориво.
Забелешка: Пред да го исчистите филтерот со DPF Flushing Liquid проверете дали сензорот за температура работи правилно.
*Постапката да се прави само во работилница.
Затнати млазници
gorjans2022-02-22T23:45:37+00:001. За дизел автомобили следете ги упатствата за употреба на Common Rail Diesel System and Protect, Diesel System Super Cleaner. Додајте една пакување (375 мл.) на 15 литри гориво и возете во вон градски услови со нормална брзина околу 50-60 км.
2. За бензинските автомобили следете ги упатствата за употреба на Fuel Line Cleaner. Додајте една пакување (375 мл.) на 15 литри гориво и возете во вон градски услови со нормална брзина околу 50-60 км.