Frequently Asked Questions
За проблем со филтерот за тврди честички (DPF)
При затнување на филтерот за тврди честички следете ги упатствата за употреба на DPF Flushing Liquid. Задолжително по чистење на филтерот со DPF Flushing Liquid додадете едно пакување DPF Super Cleaner во 50-60 литри гориво.
Забелешка: Пред да го исчистите филтерот со DPF Flushing Liquid проверете дали сензорот за температура работи правилно.
*Постапката да се прави само во работилница.
Затнати млазници
1.За дизел автомобили следете ги упатствата за употреба на Common Rail Diesel System and Protect, Diesel System Super Cleaner. Додајте една пакување (375 мл.) на 15 литри гориво и возете во вон градски услови со нормална брзина околу 50-60 км.
2. За бензинските автомобили следете ги упатствата за употреба на Fuel Line Cleaner. Додајте една пакување (375 мл.) на 15 литри гориво и возете во вон градски услови со нормална брзина околу 50-60 км.
Масло во системот за ладење
Исцедете ја загадената со масло течност за ладење. Наполнете го системот за ладење со вода. Додадете на секој 10 литри по едно пакување Radiator Oil Cleaner. Вклучете го моторот и оставете го да работи самостојно 15-20 мин. до оптималната работна температура на моторот. По чистењето измијте го проширениот сад рачно.
Забелешка: Системот за греење треба да работи на максимална температура при максимална брзина.
Превенција на системот за гориво
Зошто редовно да го чистите системот за гориво? Редовното чистење на системот за гориво на бензин со Fuel Line Cleaner и на дизел автомобилите со Common Rail целосно ги отстранува сите загадувачи и наслаги од резервоарите и коморите за согорување. Предности:- оптимална потрошувачка на горивото
- поголема моќност на моторот
- „помирна„ работа на моторот
- заштита од корозија и ‘рѓа
- намалени емисии на CO2
Превенција на системот за климатизација
За превенција на системот за климатизација ви препорачуваме на секој 3-6 месеци да користите Klima Fresh, Air Condition Disinfectant или Air Condition Foam Cleaner. Предности кои ги добивате:- штити од алергии
- дезинфекција на целиот систем
- чисти габи, мувла и др.
- ги задржува функциите на филтерот за подолго
Превенција на системот за ладење
Редовното чистење на системот за ладење со Radiator Flush пред смена на течноста за ладење, Ви гарантира:- оптимално функционирање на системот
- чист систем и чиста течност за ладење
- гарантира ефикасна работа на термостатот
- заштитува од брзото појавување на нови загадувачи
Превенција на системот за масло
Редовно одржување на системот за масло со Engine Flush Ви обезбедува:- чист мотор и цисто масло
- оптимална потрошувачка на масло
- подобрена моќност на моторот
- помало абење на агрегатите
- помали емисии на штетни гасови
Протекување во системот за ладење
Додадете Radiator Stop Leak по едно пакување на секој 10 литри течност за ладење. Вклучете го моторот и пуштете го греењето на максимална температура. Оставете го автомобилот да работи во место 5-10 мин.
Забелешка: Доколку е потребно нивото на течност за ладење да се коригира во дозволените граници.
Спечени сегменти
Додадете на секој 5 литри по едно пакување Engine Flush. Оставете го автомобилот да работи во место во продолжение на 20-30 мин. Потоа сменете го маслото. За оптимални резултати, препорачуваме додавање на новото масло Oil Booster или Nano Engine Protect and Seal.
Предности на редовното чистење на системот за масло:
- спречува спечување на сегментите
- ја намалува бучавата
- ја подобрува работата на моторот
- ја намалува потрошувачката на масло
Течност за ладење влегла во системот за масло
За чистење на течноста за ладење во системот за масло: додајте на секој 6 литри едно пакување Engine Flush + едно пакување Fuel Line Cleaner. Вклучете го моторот на автомобилот и оставете го да работи самостојно во место 15-20 мин. Потоа исцедете го старото масло и сменете го според барањата на производителот.